Македонија Облачно и студено време со засилен северен ветер

Облачно и студено време со засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и студено, а ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 3 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска темература до 1 Целзиусов степен и дневна до 8 степени. Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево, односно 17 литри на еден квадратен метар.