Македонија Облачно и студено со дожд и со снег на планините

Облачно и студено со дожд и со снег на планините

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, претежно во западните и во северните делови од земјава. На планините над 1.500 метри надморска висина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер со брзина и до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 15 Целзиусови степени, а дневната температура од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно со повремен дожд, а интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ке дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи околу 10 Целзиусови степени.

На планините над 1.500 метри надморска висина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време, со постепен пораст на дневната температура.