Македонија Облачно и потопло време

Облачно и потопло време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло, а во источните делови со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и потопло, со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 13 степени.