Македонија Облачно и посвежо време, со температура до 15 степени

Облачно и посвежо време, со температура до 15 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и во северните делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и на планините.

Утринската температура се движи од 3 до 8 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 5 до 15 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 9 Целзиусови степени.