Македонија Облачно и дождливо време

Облачно и дождливо време

Времето ќе биде претежно облачно со локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од 5 од 12 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер, кој доцна попладнето ќе го смени правецот во северозападен. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.