Македонија Облачно и дождливо, со температура до 24 степени

Облачно и дождливо, со температура до 24 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и во југозападните делови од земјата. Во другите делови од земјата врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и со повремени врнежи од дожд.

Дневната температура во главниот град ќе достигне до 19 Целзиусови степени.