Култура Објавена книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска

Објавена книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска

Во оваа книга акцентот е ставен врз помошта што полските урбанисти и архитекти ја даваат на Скопје по земјотресот

Варшава го исцртува Скопје книга

Објавена книгата која е посветена целосно на Скопје – „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска, информираат од издавачката куќа „Бегемот“.

Оваа книга фрла поглед на голем период на историјата на Скопје, од историското освојување на Османлиите, па сѐ до денешен ден. Во оваа книга акцентот е ставен врз помошта што полските урбанисти и архитекти ја даваат на Скопје по земјотресот.  Инспиративно, филигрански изработено четиво од кое многумина скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град што досега не ги знаеле.

Базил Керски, директор на Европскиот центар на солидарностаа во Гдањск за оваа книга изјавил: „Фасцинантна, многуслојна книга. Израз на страста и компетенцијата на авторката, која, пишувајќи за мисијата на варшавските урбанисти во Скопје и за судбината на Северна Македонија, ја открива заборавената солидарност на Полјаците со Македонците, врската на Полска со Балканот. Оваа прекрасна публикација има уште една основна димензија: го прикажува европското наследство преку палимпсестот Скопје – местото каде што се вкрстуваат христијанството, исламот, јудаизмот и атеистичкиот хуманизам. Кинга Нетман-Мултановска раскажува за градот покрај Вардар како за своја мала татковина, зашто ѝ подарил нова перспектива за запознавање на себеси и на својата култура. Љубовта кон ова парче земја ме зарази и мене. Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!“

Книгата е објавена со поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.