Македонија Обезбедени 20 тони вода за митингот на опозицијата

Обезбедени 20 тони вода за митингот на опозицијата

Граѓани  почнаа да се собираат за митингот на опозицијата, кој за еден час треба да почне пред Владата.

Според информации од СДСМ, за следење и за известување од митингот акредитирани биле повеќе од 150 новинари од земјата и од странство.

За граѓаните  се обезбедни околу 20 тони амбалажирана вода.

Во моментов настапува групата „Репортерс“, а свој настап ќе имаат и „Белизе бенд“, Бени Шаќири (Бени „Нон – стоп“) и Круме Спасовски.

Водител на настанот ќе биде актерот Владимир Лазаревски.