Македонија Обединети за Македонија дава поддршка на барањето за преодна влада без Никола...

Обединети за Македонија дава поддршка на барањето за преодна влада без Никола Груевски

Партијата Обединети за Македонија ги поддржува напорите на коалицискиот партнер СДСМ за формирање преодна влада, без Никола Груевски како премиер.

„Обединети за Македонија ја потврдува својата улога за активен чинител во заедничката борба за ослободување на државата од политичките диктаторски стеги и за враќање на демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и за ослободување на сите политички затвореници и неистомисленици, како и нашиот лидер Љубе Бошковски“, пишува во сооопштението на партијата.