Свет Обама: Соработка со Русија е можна, но Асад мора да замине

Обама: Соработка со Русија е можна, но Асад мора да замине

Американскиот претседател Барак Обама, за време на својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, изјавил дека САД се подготвени да работат заедно со Русија и со Иран за надминување на кризата во Сирија.

Тој повторил дека какво било решение не може да значи враќање во предвоеното статус кво, односно на власт да биде Башар ал-Асад.

Обама во својот говор се заложил за понатамошна борба против Исламска држава, но и за транзиција која нема да го вклучи сирискиот претседател. Тој ги осудил земјите што ги поддржуваат лидерите како Асад, кого го обвини за убивање деца.

Aмериканскиот претседател ги бранел и западните санкции врз Русија поради Украина.

– Светот не може да стои на страна додека Русија го крши интегритетот и суверенитетот на Украина. Доколку нема реперкусии по руската анексија на Крим, тоа би можело да ѝ се случи на која било земја – рекол Обама.

Американскиот престедател ги предупредил членките на ОН на ризикот доколку заедно не работат на решавање на светските проблеми.