Свет Обама, сепак, нема да ги повлече сите војници од Авганистан

Обама, сепак, нема да ги повлече сите војници од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама планира да задржи 5.500 војници во Авганистан и по 2016 година.

Според првобитниот план, требало сите американски војници да се повлечат од Авганистан, освен една помала група што би била задолжена за безбедноста на амбасадата во Кабул.

Се очекува Обама денеска официјално да ја соопшти одлуката за останување на војската во Авганистан, каде во моментов има распоредено 9.800 американски војници.