Свет Обама потпиша декларација за помош на Тексас поради невремето

Обама потпиша декларација за помош на Тексас поради невремето

Бројот на смртните случаи од поплавите и од бурите во американските држави Тексас и Оклахома во изминатата недела достигна 28. Во Тексас животот го загубија 24 луѓе, додека во Оклахома четири.

Дванаесет луѓе во Тексас се водат како исчезнати.

Поројните дождови продолжија и вчера поради што продолжува и евакуацијата на локални жители во неколку места во државата.

– Општините во Тексас доживеаја уништувања, материјална штета и, што е најтрагично, губење човечки животи поради тешките временски услови – изјави гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа потпиша претседателска декларација за помош на Тексас поради невремето. Белата куќа соопшти дека со декларацијата се отвораат федерални фондови за помош на населението и на фирмите, како и за властите во Тексас. Таа американска држава придонесува годишно во федералниот буџет со 1,4 милијарда долари и е најголем снабдувач со енергија.