Свет Свет Обама: Поддржете ја демократски избраната влада на Ердоган

Обама: Поддржете ја демократски избраната влада на Ердоган

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика сите страни во Турција да ја поддржат демократски избраната влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган и да избегнат какво било насилство и крвопролевање.

Турција има клучна улога во коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава. Американски авиони ја користат воздухопловната база Инџирлик во Турција за мисиите против екстремистите во Сирија и во Ирак.

Обама за развојот на настаните телефонски разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери, кој се наоѓа во Москва на одделни средби со високи руски претставници за состојбата во Сирија.

Кери имал телефонски разговор и со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кому му соопштил дека САД внимателно ја следат состојбата во Турција.

Тој ги повика граѓаните на САД во Турција да останат дома и да бидат во контакт со семејствата и со пријателите.

НАТО чија членка е Турција, повика на смиреност и на целосна почит на демократските институции.

Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека мора да се почитува демократскиот ред во Турција и дека мора да се стори сè за да се заштитат животите.