Свет Обама најави ангажирање на 50 земји за прием на бегалци

Обама најави ангажирање на 50 земји за прием на бегалци

Американскиот претседател Барак Обама денеска во ОН најави дека 50 земји се обврзале следната година да прифатат 360.000 бегалци, што е двојно повеќе отколку досега.

– Нашите земји заедно ќе го дуплираат бројот на бегалците кои ќе ги прифатиме и ќе го зголемиме бројот на 360.000 – рече Обама.

Сепак, американскиот претседател не откри која земја колку бегалци се обврзала да прими.

На отворањето на состанокот на шефовите на држави, организиран на иницијатива на САД, земјата домаќин посебно ја поздрави улогата на Германија и на Канада во миграциската криза, предизвикана од војната во Сирија, која трае веќе пет години.