Свет Свет Обама: Мора да се врати довербата во полицијата

Обама: Мора да се врати довербата во полицијата

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД не се ни близу до надминување на јазот меѓу полицијата и заедниците на кои им служат, јави „Би-би-си“.

Обама рече дека мора да се спроведе истрага за полициско насилство за да се врати довербата кај Афроамериканците и ка припадниците на латино-заедницата во полицијата.

– Мораме да изградиме доверба кон полицијата која употребила сила, така што ќе се спроведе истрага и правда – рече Обама.

Претседателот на САД се сретнаа во Вашингтон со активисти, политичари и со службеници за спроведување на законот поради неодамнешните убиства на двајца Афроамериканци во Минесота и во Луизијана.

Обама во петокот им оддаде почит на петте полицајци кои беа убиени од снајперист во Далас за време на протестите поради полициското насилство над Афроамериканците.