Свет Европа Обама: Ќе работиме заедно со Франција за одговорните да бидат откриени

Обама: Ќе работиме заедно со Франција за одговорните да бидат откриени

Нападите во Париз се атак на целото човештво, изјави американскиот претседател, Барак Обама, и вети дека ќе работи заедно со Франција за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Кога и да се случат вакви настани, секогаш можеме да сметаме дека францускиот народ ќе биде со нас. Тие се исклучителен партнер во борбата против тероризмот. Ние ќе бидеме тука за нив на истиот начин – изјави Обама.

Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека е длабоко шокиран од нападите во Париз.

„Ние во целост се солидаризираме со народот на Франција“, напиша Јункер на „Твитер“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е шокиран од координираните напади во француската престолнина.

– Нашите мисли и молитви се со францускиот народ. Ќе направиме сè што можеме за да помогнеме – рече Камерон.