Видео ОАЕ го забранија филмот „Егзодус: Богови и кралеви“

ОАЕ го забранија филмот „Егзодус: Богови и кралеви“

Обединетите Арапски Емирати се последната земја што го забрани епскиот високобуџетен филм на Ридли Скот, „Егзодус: Богови и кралеви“.

Филмот, во кој играат Кристијан Бел, Џоел Едгертон и сер Бен Кингсли, е базиран на библиската книга за егзодусот, а ја следи приказната на пророкот Мојсеј и побуната против египетскиот фараон Рамзес.

Минатата недела Египет и Мароко го забранија филмот поради „историска неточност“, особено во делот каде што се сугерира дека Евреите ги изградиле пирамидите и оти земјотрес го поделил Црвеното Море, а не чудо.