Свет Балкан О’Конел: Посетата на принцот Чарлс на Косово е потврда за одличните билатерални...

О’Конел: Посетата на принцот Чарлс на Косово е потврда за одличните билатерални односи

Британскиот амбасадор во Приштина, Руаири О’Конел, изјавил дека претстојната посета на принцот Чарлс и на неговата сопруга Камила претставува потврда за одличните билатерални односи меѓу Косово и Велика Британија.

– Принцот сега не доаѓа во посета на британските трупи, туку како партнер на земјата со која имаме одлични односи – изјави О’Конел, а пренесува „Коха диторе“.

Освен средба со претседателката на Косово, Атифетe Јахјага, принцот Чарлс и војвотката Камила ќе го посетат Призрен и ќе учествуваат на меѓуверска конфeренција која ја организира косовската влада.

Тие вчера допатуваат во Загреб, а утре се во посета на Белград. Нивната балканска турнеја ќе таре до 19 март.