Забава Њујорк ќе ги исклучи светлата за птиците преселници

Њујорк ќе ги исклучи светлата за птиците преселници

Сојузната американска држава Њујорк ќе ги исклучи светлата на државните згради за да им помогне на птиците да ги пронајдат своите миграциски рути наесен и напролет, јавува „Би-Би-Си“.

Се верува дека птиците преселници ги користат ѕвездите за ориентација, но дека светилките ги збунуваат, поради што се залетуваат во згради.

Се проценува дека годишно страдаат до милијарда птици поради појавата позната како „фатална привлечност на светилките“.

Милиони птици мигрираат низ Њујорк. Сега ќе имаат шанса навечер да не бидат збунети од светлината и да го продолжат својот пат кон север.

Гувернерот на Њујорк соопшти дека светлата ќе бидат исклучени од 23 часот навечер до зората и тоа во врвот на сезоната на мигрирање на птиците.