Македонија НСДП: Иванов и официјално ја прогласи Македонија за мафијашка држава

НСДП: Иванов и официјално ја прогласи Македонија за мафијашка држава

Со амнестијата на организираниот криминал и со аболицијата на криминалците, Иванов ги погази сите атрибути на една демократска и правна држава и официјално ја прогласи за мафијашка држава, стои во реакцијата на Нова социјалдемократска партија (НСДП) на денешната одлука на претседателот на држвата, Ѓорге Иванов.

„На 8 септември 1991 година граѓаните прогласија самостојна, суверена и независна Република Македонија, а денеска на 12 април 2016 година, во 15.30 часот, Ѓорге Иванов во својство на претседател на државата со едностран акт ја поништи волјата и ја укина Република Македонија како држава“, стои во реакцијата на НСДП.