Македонија Новиот владин кабинет примен од претседателот Стево Пендаровски

Новиот владин кабинет примен од претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва во својата резиденција на Водно ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници.

Пендаровски честитајќи им го изборот на новите министри, изрази очекување „во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да се потврди демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера“.