Македонија Новинарот Кежаровски на информативен разговор поради боење на Собранието

Новинарот Кежаровски на информативен разговор поради боење на Собранието

Новинарот Томислав Кежаровски денеска бил повикан на информативен разговор во полициската станица Центар.

Како што пишува Кежаровски на својот профил на „Фејсбук“, поканата е поради вмешаност во боењето на Собранието на 28 мај.

„ПС Центар издале телеграма по мене за информативен разговор. Ќе одам денеска во 18.30 часот во полициската станица. Ме викаат заради вмешаност во боење на Собранието. Со оваа пријава, мојата биографија ќе биде комплетна“, напиша Кежаровски.