Македонија Нови воздушни напади во Алепо

Нови воздушни напади во Алепо

Воени авиони ги бомбардираат подрачјата што вчера беа преземени од сириските бунтовници, во западните и во јужните делови на Алепо, соопшти опозицискиот Сириски центар за надзор на човековите права.

Во соопштението на центарот не се посочува чии воени авиони ги изведуваат бомбардирањата, но се претпоставува дека станува збор за летала на сириското воено воздухопловство, имајќи предвид дека Русија прогласи мораториум на воздушните напади во Алепо.

Во меѓувреме, сириските државни медиуми јавија дека утрово бунтовниците го бомбардирале западниот дел на Алепо, кој е под контрола на владините сили, при што загинале најмалку шест лица.