Економија Нови винарници ќе се градат во Демир Капија

Нови винарници ќе се градат во Демир Капија

Две нови винарици ќе се градат во Демир Капија, информираше градоначлникот Трајче Димитриев.

На тендерот за продажба на локацијата (13.243 квадратни метри) победила скопска компанија, која ја купила градежната парцела намената за изградба на винарница.

Според Димитриев, Општината на продажба ќе понуди уште една локација предвидена за истата намена.