Нови винарници ќе се градат во Демир Капија
декември 14, 2015
Две нови винарици ќе се градат во Демир Капија, информираше градоначлникот Трајче Димитриев. На тендерот за продажба на локацијата (13.243 квадратни метри) победила скопска компанија, која ја купила градежната парцела намената за изградба на винарница. Според Димитриев, Општината на продажба ќе понуди уште една локација предвидена за истата намена.