Македонија Нови случаи на туларемија, во Арачиново прогласена епидемија

Нови случаи на туларемија, во Арачиново прогласена епидемија

Два нови случаи на туларемија на подрачјето на општина Арачиново биле лабораториски потврдени, поради што Центарот за јавно здравје – Скопје вчера прогласил локална епидемија на подрачјето на општината.

Со новите два случаи, вкупниот број на заболени од туларемија во општина Арачиново изнесува 12, додека на територијата на целата земја вкупната бројка е 31 заболен.

Заболените се на возраст од 11 до 73 години, а најголем број од нив, односно 42 отсто, се на возраст од 20 до 29 години.