Свет Свет Нови случаи на БИРС во Јужна Кореја

Нови случаи на БИРС во Јужна Кореја

За уште три случаи на заразени со коронавирусот на блискоисточниот респираторен синдром (БИРС), јави јужнокорејското министерство за здравство. Со овие најнови случаи, вкупниот број на заразени достигна 175 лица.

Јужна Кореја останува најголемото жариште на болеста надвор од Саудиска Арабија.

Епидемолозите, меѓутоа, сметаат дека кулминацијата на епидемијата е помината бидејќи 54 лица, кои имале позитивни резултати на тестот за вирусот, оздравеле и биле отпуштени од болница.