fbpx

Корона вирусот ги обедини сервисите за проверка на факти за борба против дезинформациите

-

„Армија“ од најмалку 48 организации од целиот свет обединети во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) интензивно работат на разобличување на дезинформациите за корона вирусот 2019.

Според она што го соопшти IFCN, најбројни се дезинформациите дека е подготвена вакцина за овој опасен вирус што од Вухан, Кина полека почна да се шири и во други градови на најнаселената земја и во светот, а следни по застапеност се големиот број лажни информации за изворот на фаталната болест. Теориите на заговор се на третото место.

Меѓународната мрежа на проверка на фактите за новооткриениот сој на корона вирусот ќе функционира сè додека болеста се шири, а може да се следи и на социјалните мрежи, преку хаштаговите #CoronaVirusFacts и #DatosCoronaVirus.

Првиот бран дезинформации е тврдењето дека пред неколку години е издаден патент за вирусот. Во САД, организациите-учеснички разобличија десетици постови на социјалните мрежи и докажаа дека во моментот не постои вакцина против вирусот и дека сите дезинформации од оваа категорија се поврзани со претходно познати видови на коронавирусот.

Инаку, корона вирусите првпат се идентификувани во 1960-тите години, а има значителен број видови. Од коронавирусите што ги напаѓаат луѓето, најзастапени се четири типа, а меѓу помалкубројните се и Сарс-от и Мерс-от.

Вториот бран невистини произлегол од Тајван, како географски многу близок на Кина. Во обидот да се заштитат себеси и другите од новиот силен корон вирус, луѓето на социјалните мрежи почнале да шират најразлични, честопати и бизарни начини за заштита. Така, Тајванскиот центар за проверка на фактите разобличил неколку постови кои тврделе дека, меѓу другото, со оцетна киселина човек може да се заштити од вирусот.

Интересна е и приказната на грузискиот сервис за проверка на фактите „Мит детектор“ кој разобличил вест на една руска телевизија, која стара снимка од лабораторија за биолошка заштита ја поврзала со „информација“ дека САД го шират корона вирусот 2019 во Азија преку свои лаборатории во регионот.

„Пораката е јасна: Ако нема потврда од медицинските власти, не споделувајте информации за заразени или смртни случаи од новиот коронавирус“, порачува Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...