Македонија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија само да продолжат да преговараат

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија само да продолжат да преговараат

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска во Брисел остварија средба со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

По средбата е издадено соопштение во кое единствено стои дека сите учесници се согласиле дека дискусиите треба да продолжат.

Освен ова, ниедна информација не протече од содржината на разговорите.

Претставниците на СДСМ разговарале со европратениците еден час, а потоа еден час, исто така, траела средбата на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ со европската тројка. Радмила Шекеринска и Никола Попоски заминале на ручек со европратениците.

Последната заедничка средба помеѓу трите тројки траела два часа – до 17 часот попладне.
Се очекува да има нова средба по велигденските празници, кон средината на април.