Видео Нови напади и жртви на истокот на Украина

Нови напади и жртви на истокот на Украина

Најмалку шест лица загинаа, од кои три деца, при ракетен напад во Луганск и при гранатирање на Горловка, соопштија проруските власти во Луганск и во Донецк.

Како што соопшти Министерството за вонредни состојби на самопрогласената Донецка Народна Република, граната паднала врз куќа, што предизвикало уривање на ѕидовите и на покривот. Спасувачките екипи по нападот пронашле три деца, на возраст од три, седум и од 14 години. При гранатирањата во регионот на Донецк ранети се 30 лица.

Министерот за вонредни состојби на самопрогласената Луганска Народна Република, Сергеј Иванушкин, соопшти дека три лица загинале, а четворица се повредени во ракетен напад на станбен кварт во Луганск.

Како што јавуваат руските медиуми, во текот на ноќта биле извршени два ракетни напада на Луганск.

Новите напади доаѓаат неполн ден по 17-часовните преговори во Минск, на кои беше постигнат мировен договор, што треба да стапи на сила на 15 февруари.