Здравје Нови 89 случаи на ковид-19 во последните 24 часа

Нови 89 случаи на ковид-19 во последните 24 часа

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство извести дека во земјава во последните 24 часа се направени 1.760 тестови, а се откриени 89 нови случаи на ковид-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.

Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции.

Во последните 24 часа се регистрирани 156 оздравени пациенти од: Скопје, а не се регистрирани починати пациенти. Сепак, соогласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г), починато во болнички услови, во понеделникот.

Досега во земјава се направени вкупно 2.013.928 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаии од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.