Здравје Нови 81 заразени со Ковид 19, нема починати

Нови 81 заразени со Ковид 19, нема починати

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Според информациите од Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нов случај на Ковид 19. Најголемиот број од новозаразените се во Скопје, 27, потоа во Тетово, 25, во Куманово, 9, во Гостивар, 7, во Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по двајца и во Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по еден нов случај. Нема пријавени починати лица, а регистрирани сe 12 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 156.380, бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525. Најголемиот број активни случаи во моментов има во Скопје, 171, а потоа следуваат Тетово со 135 и Куманово со 59 заболени.