Македонија Нови 419 случаи на Ковид 19, осум починати и 211 оздравени за...

Нови 419 случаи на Ковид 19, осум починати и 211 оздравени за 24 часа

Паркингот пред Ковид-амбулантата на Инфективна клиника. Фото: Вистиномер, 24 август 2021

Во последните 24 часа од 3.285 тестирања, регистрирани се 419 нови случаи на Ковид-19, како и осум починати лица и 211 оздравени пациенти. Најголем број нови случаи има во Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2 и Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по еден новозаболен.

Во последното деноноќие по две лица починале во Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г) и по едно во Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г), сите болнички услови. Дополнително, пријавени се и шест починати лица од 15 ноември до 4 декември од Скопје две и по едно од Велес, Кавадарци, Гостивар и Демир Хисар.

Регистрирани сe и 211 оздравени пациенти од Скопје – 135, Битола – 18, Кавадарци – 14, Куманово – 9, Штип – 7, Охрид и Кочани – по 5, Велес, Кратово и Богданци – по 3, Ресен и Неготино – по 2, Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе –  по еден оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.