Здравје Нови 266 случаи на ковид-19, секој трет тест е позитивен

Нови 266 случаи на ковид-19, секој трет тест е позитивен

Фото: Testalize.me on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на ковид-19. Согласно денешните бројки, 27,9 отсто од тестовите се позитивни, што е безмалку една третина од вкупниот број направени тестови.

„Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 64 реинфекции. Регистрирани сe и 119 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ нема регистрирано починато лице“, соопштуваат во министерството.

Досега во државата се направени вкупно 2.086.592 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.060, бројот на оздравени пациенти е 304.460, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.