Главна секција Нови 24 заразени, вкупно 201 лице со корона вирус

Нови 24 заразени, вкупно 201 лице со корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на корона вирус во земјата. Во Скопје има 15 ново заразени лица, во Куманово 4, Дебар 2, Охрид 1, Штип 1 и во Тетово 1 нов случај.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лице, информира Министерството за здравство.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1) и Тетово (1).

„Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати“, информираа од Министерството за здравство.