Македонија Нови 1.259 случаи на ковид-19, a 45 пациенти починале во изминативе 24...

Нови 1.259 случаи на ковид-19, a 45 пациенти починале во изминативе 24 часа

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство соопшти дека во земјава во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.

Пријавени се и вкупно 45 починати лица, со што бројката на починати од оваа болест надмина 4.000. Од новите смртни случаи, 20 се од Скопје (89г , 85г , 84г , 83г , 81г , 81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73г, ,71г, 69г, 68г , 67г, 66г, 62г, 61г, 59г, 32г ), 4 од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69г и 56 г ), Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Во изминативе 24 часа, регистрирани се 751 оздравени пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 647.559 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројката на активни случаи изнесува 21.265.