Свет Балкан Новата влада на Бугарија стапи на должност, Борисов во трет премиерски мандат

Новата влада на Бугарија стапи на должност, Борисов во трет премиерски мандат

Попладнево бугарскиот парламент го одобри составот на новиот владин кабинет предводен од претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по што министрите положија заклетва и официјално ја презедоа власта.

Малку подоцна, во седиштето на бугарската влада се одржа примопредавањето на должноста меѓу техничкиот премиер Огњан Герџиков и Борисов. Во моментов на веб-страницата на бугарската влада се поставени само имињата на новите министри, без нивните биографии, а празен е делот за премиерот.

Во новата влада вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана ќе биде и лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, познат по своите националистички ставови за идентитетот на Македонците.

Министер за надворешни работи ќе биде Екатерина Гечева-Захариева, која во техничката влада беше министер за правда.

Ова е третиот мандат на Бојко Борисов како премиер на Република Бугарија.