Спорт Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс-турнирот во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс-турнирот во Монте Карло

Тенисерот број 1 на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ, го освои Мастерс-турнирот во Монте Карло, извојувајќи победа над Томаш Бердих со резултат 7:5, 4:6, 6:3. Ова е негова 23. мастерс-титула, а вкупно има освоено 52.

На најновото рангирање, објавено денеска, тој има 5.460 бода повеќе од второпласираниот Рожер Федерер, како резултат на триумфот на Мастерс-натпреварот во Монте Карло и раната елиминација на Швајцарецот, кој лани играше во финалето на овој турнир.

Моментно, Ѓоковиќ има 13.845 бода на АТП-листата.