Видео Нова заложничка драма во Франција

Нова заложничка драма во Франција

Вооружен маж денеска зазел неколку заложници во пошта во Коломбо, во близина на Париз, јавуваат француските медиуми. Засега нема индикации дека инцидентот е поврзан со минатонеделните исламистички напади.

Заложничката криза почнала околу пладне, кога маж со воено оружје се затворил во просториите на поштата. Полицијата засега не открива колку лица во поштата се држат како заложници.

Францускиот весник „Фигаро“ јавува дека најмалку едно вооружено лице држи два до пет заложника.
Безбедносен хеликоптер ја надлетува зоната.