Економија Нова фабрика за вода во Гари

Нова фабрика за вода во Гари

Во близина на дебарското село Гари, денеска беше отворена фабриката за вода „Маја“.

Почетната инвестиција на хрватскиот инвеститор, компанијата „Мали Лошињ“, изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони евра инвестиција, достигнаа 14 милиони евра за овие три и пол години, колку што траеше процесот на реализација.

Моменталниот број на вработени е 25, а според најавите на инвеститорот, тој наскоро ќе се зголеми. Дневното производство на амбалажирана вода може да достигне и до 200.000 литри.

Произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз во соседните земји, арапските земји, Хрватска и во Русија.