Свет Нов земјотрес го погоди Еквадор

Нов земјотрес го погоди Еквадор

Неколку дена по разорниот земјотрес во кој загинаа 507 лица, Еквадор го погоди уште еден земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 70 километри југозападно од крајбрежниот град Есмералдас, на длабочина од 10 километри.

Два силни потреси од 30 секунди ги разбудиле жителите, кои бегале од своите домови на улиците.

Властите сè уште не коментираат за предизвиканата штета од новите потреси.

Во земјотресот што го погоди Еквадор во саботата загинаа 507 лица, околу 4.600 се повредени, а речиси 100 лица се водат за исчезнати.

Министерот за одбрана, Рикардо Патињо, катастрофалниот земјотрес го нарече „најголемата трагедија во последните 60 години“.