Економија Нов штрајк на пилотите на „Луфтханза“

Нов штрајк на пилотите на „Луфтханза“

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ најавија нов штрајк за четврток, два дена откако заврши претходниот штрајк.

Синдикатот на пилотите доцна синоќа најави дека штрајкот ќе се одрази на долгите, како и врз карго-летовите, но не на кратките и на средните летови.

Пилотите се противат на идејата на компанија да се применува досегашниот модел за пензионирање, според кој, пилотите се пензионираат на 55 години, но до достигнувањето на старосната пензија, добиваат 60 проценти од платата.

Минатиот штрајк на пилотите на „Луфтханза“, деветти по ред годинава, засегна 150.000 патници.