Македонија Нов „бисер“ на Димитров: Украина е измислена држава, таа е „руската Македонија“

Нов „бисер“ на Димитров: Украина е измислена држава, таа е „руската Македонија“

Украина е измислена држава, исто како и Македонија, изјави бугарскиот историчар Божидар Димитров за Бугарската национална телевизија.

– Во 1954 година, еден пијаница го даде Крим, руска територија, заедно со нејзиното руско население, на една измислена држава, на една „Македонија“. Руската Македонија – тоа е Украина. Измислена граница – какви што се границите на Македонија. Кога политичката елита создава такви земји-фалсификати и лажни нации кои никогаш не постоеле, редно е во еден момент тоа да се поправи – изјави Димитров.

Во 1954 година, кога на власт беше советскиот лидер Никита Хрушчов, Кримскиот Полуостров е предаден на Украина, која беше дел од СССР.