Свет Носорог усмртил жена во Непал

Носорог усмртил жена во Непал

Носорог кој заталкал во предградие на Хетауде, град на југот на Непал, усмртил 61-годишна жена и повредил неколку луѓе.

Владиниот претставник Рам Прасад Тапалија рекол дека животното упаднало во дел од градот кој се наоѓа на работ на шумата и ги нападнало луѓето кои биле присутни на пазарот и на автобуската станица.

Тапалија навел дека жителите безуспешно се обидувале со удирање на тапани и со правење бука да го истераат носорогот од градот, додавајќи дека се очекува да дојдат стручни тимови што ќе го успијат животното.

„Целиот град е во паника. Носорогот успеа да влезе и во локалната болница, со што ги принуди луѓето да скокаат преку оградата“, рече Тапалија.