Свет Европа Носачот на авиони „Шарл де Гол“ во прва борбена мисија против ИД

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ во прва борбена мисија против ИД

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ денеска ја почна својата прва борбена мисија против екстремистите на Исламска држава.

Борбените авиони полетале од францускиот носач на авиони и бомбардирале цели на Исламска држава во Сирија и во Ирак, јавуваат светските агенции.

Според наводите на француските медиуми, се очекува борбената мисија на „Шарл де Гол“ да потрае најмалку четири месеци, со можност да биде продолжена.

На носачот се наоѓаат неколку десетици различни борбени авиони, а екипажот го сочинуваат околу 1.900 морнари, пилоти и механичари.