Македонија Нормализиран е сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје

Нормализиран е сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје

Фото: Архива на Мета

Нормализиран е сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје, која од утрово од 7 часот беше во прекин, поради излизгување кај „Кадина Река“ на еден вагон од патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје,  информирше „ЖРСМ Транспорт“.

Денеска од ЖРСМ Транспорт потврдија дека во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени и пристигнале во Скопје во 8:35 часот.

„Линијата е во функција од 11:30 часот. Причините за вонредниот настан ќе ги разгледува Комисија составена од членови од „ЖРСМ Транспорт“ и „ЖРСМ Инфраструктура“, наведуваат од компанијата.

Патнички вагон се излизгал од шини на пругата Скопје – Велес, нема повредени лица