Македонија Ноќеска биле регистрирани неколку земјотреси во Преспанскиот регион

Ноќеска биле регистрирани неколку земјотреси во Преспанскиот регион

Првиот земјотрес од оваа серија е регистриран во 00:32 часот. Имал епицентар на 120 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала

Фото: Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) / Твитер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје ноќеска регистрирала серија земјотреси во Преспанскиот регион, од кои три исто така биле почувствувани од населението.

Првиот земјотрес од оваа серија е регистриран во 00:32 часот. Имал епицентар на 120 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

Вториот земјотрес се случил во 1:31 часот, а епицентарот бил 124 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, додека третиот земjотрес е во 1:33 часот. Неговиот епицентар бил на 123 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет II-III степени според Европската макросеизмичка скала.