Технологија Гаџети „Нокиа“ ќе се врати со нов телефон „андроид“

„Нокиа“ ќе се врати со нов телефон „андроид“

Nokia N9 - паметен телефон

Финската компанија „Нокиа“, наводно, планира повторно да влезе на пазарот со паметни телефони.
Во јули годинава се проширија информации дека „Мајкрософт“ планира да престане со производство на паметни телефони „нокиа“ со оперативен систем „андроид“, на кои претходно работеше финската компанија.

Кинеските бев-страници, повикувајќи се на извори блиски до компанијата, јавуваат дека дизајнерскиот тим кој стои зад моделот Nokia N9 работи и дизајнира нов премиум паметен телефон кој ќе работи на оперативниот систем „андроид“.

Истовремено, „Нокиа“ ги подгреа гласините со својата објава на микроблогот „Твитер“, најавувајќи посебен настан на 17 ноември, на кој ќе открие како ќе продолжи приказната на компанијата. Според многумина, ова е најава дека „Нокиа“ ќе го претстави наводниот нов паметен телефон.
Nokia N9 беше првиот телефон што работеше на оперативниот систем „мего“ (MeeGo), кој изгледаше како забавена верзија на оперативниот систем „андроид“.