Подглавна секција Нобелова награда за мир за 2020 доби Светската програма за храна на...

Нобелова награда за мир за 2020 доби Светската програма за храна на ОН

Дистрибуција на храна во Алепо, Сирија д страна на Светската програма за храна на ОН | Фото: WFP/ Khudr Alissar WFP

Нобеловата награда за мир за 2020 година ја доби Светската Програма на Обединетите нации (ОН) за напорите во борбата против глад и недостиг од храна ширум светот. ОН минатата година им помогна на околу 100 милиони луѓе во 88 земји од светот.

„Мислам дека е ова за прв пат во животот што останав без зборови“, изјави директорот на Програмата Дејвид Бизли, за агенцијата Асошиетед Прес, АП.

Нобеловиот Комитет соопшти дека пандемијата со корона вирусот ја зголеми стапката на глад во светот и поради тоа ги повика владите на земјите да обезбедат финансиска поддршка со Светската Програма за храна и на другите организации.

„Годинешната награда сака да сврти внимание на милионите луѓе кои се гладни или се соочуваат со закана од недостиг од храна“, рече претседателката на Нобеловиот Комитет на ОН, Берит Рајс Андерсен, која денеска го соопшти добитникот на наградата во Осло. Таа додаде дека наградената организација на ОН има значајна улога во мултилатералната соработка, низ која “обезбедувањето на храна се претвора во инструмент на мирот“.

Светската Програма за храна е оддел на ОН за храна и земјоделство, кој собира и дистрибура храна и други потребни продукти за популацијата која страда од природни катастрофи и глад.

Оваа година за Нобеловата награда се кандидираа 211 поединци и 107 организации.

Наградата, која вклучува 1,1 милион долари и златниот медал за добитниците, ќе бидат врачени на 10 декември во Осло, на годишнината од смртта на Алфред Нобел. Годинешната церемонија ќе биде од помал обем, поради пандемијата на корона вирусот.

Според Светската Програма за храна на ОН, во 2019 година 135 милиони луѓе страдаа од акутен глад, што е најголем број во изминатите години. „Поголемиот дел од зголемувањето на бројот беше предизвикан од војни и вооружени конфликти. Пандемијата на корона вирусот придонесе за силен пораст на бројот на жртвите на глад во светот. Вкупно, се проценува дека 690 милиони луѓе денес страдаат од некаков вид на глад. Затоа Нобеловиот комитет ги повикува владите и другите хуманитарни организации да обезбедат финансиска поддршка неопходна за да се хранат милиони луѓе во земјите како: Јемен, Конго, Нигерија, Јужен Судан и Буркина Фасо“, се посочува во Програмата.