Македонија Нивото на Охридско Езеро е осум сантиметри над минималното

Нивото на Охридско Езеро е осум сантиметри над минималното

Водостојот на Црн Дрим на мерното место Ложани е за шест пати понизок, а на Црна Река кај Новаци за речиси четирипати помал од просекот за ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот и на другите реки во земјава е под просекот за ноември, а нивото на Охридското Езеро е осум сантиметри над дозволеното минимално ниво и изнесува 693,18 метри.